Германија ќе го намалува „данокот на тампони”

Гледате, на некои земји им е толку рамно, што стигаат и до вакви одлуки. Ние уште се учиме кај се фрла ѓубре.

Германската влада планира да го намали данокот на продажба на тампони и улошки од 19% на 7%, почнувајќи од 2020.

Германскиот министер за финансии и социјалдемократ Олаф Шолц, за медиуми изјавува дека, „многу жени водеа кампања за ова и сега го остваруваме”.

Гледате, некаде по свет, граѓани водат кампања, и тоа за ствари што не се воздух, замислете, и владата слуша.

Намалувањето на данокот ќе се воведе како дел од измени во даноците за 2020-та година, а германскиот парламент во моментов ги дискутира деталите.

Гледате какви детали се дискутираат во германскиот парламент?

Овој чекор е дел од еден растечки бран на меѓународен отпор кон, т.н. „данок на тампони”, кој е повисок за производи кои на жените им требаат при месечен циклус. Онлајн кампања под името „Менструацијата не е луксуз” има собрано над 180.000 потписи.

Тоа се околу 179.900 потписи повеќе отколку што ние имаме луѓе на протест за чист воздух.

Европскиот парламент ја подржува одлуката и ги охрабрува и другите членки да ја воведат.

Вие како сте денес?

18 октомври 2019 - 12:30