Фанови на Хари Потер најверојатно убиваат фоки во име на Доби

Велшки национален фонд чија задача е да најде одржлива иднина за слатките води во Пемброукшајр пушти изјава каде културно ги моли фановите на Хари Потер да престанат да оставаат ѓубре на плажата за Доби.

Слатководниот запад е инаку легално заштитена област за конзвервација и дом на ретки птици. Исто така е и филмската локација каде што беше закопан елфот Доби во „Хари Потер и реликвиите на смртта: Прв дел“, откако загина од рацете на Белатрикс Лестрејнџ (Хелена Бонам Картер). После филмот, со години гробот на овој фиктивен лик е како дестинација за аџилак за фанови, кои на овој компјутерски генериран лик му оставаат предметчиња, а под предметчиња се мисли на буквално оставање ѓубре по плажата.

„Фондот бара од посетителите само да се сликаат кога ќе го посетат гробот за да ја заштитат пошироката околина,“ пишува во изјавата. „Предмети како чорапи, украсчиња и парчиња боја од обоените камчиња можат да влезат во водите, да го загрозат синџирот на исхрана и да ги стават животните на ризик.“

Животните се големи сиви фоки, морски птици и слично, што можат да се задават со некоја од многуте чорапи оставени за Доби (во вториот дел, Хари Потер на Доби му помага со тоа што му подметнува чорап на неговиот сопственик, кој тој несвесно му го дава. Куќни елфови во бајките се ослободуваат само ако газдата им подари облека).

Вулчр во надеж дека ова ќе допре до фановите, пробува да им се обрати на нивни јазик:

„Тие што го оплакувате Доби: Мислете на животните како на хипогрифи. Или видри, ви текнува? Патронусот на Хермиона? Не би сакале патронусот на Хермиона своето бебе да го нахрани со чорап и да го гледа како умира, нели? Бидете Хагрид на овој свет. Заштитете ги океаните.“

4 ноември 2022 - 10:20