Џери Спрингер сака да се извини

Легендарниот водител Џери Спрингер не се смета себеси за „дедото на ријалити телевизијата“, напротив - смета дека ја уништил културата и се надева дека Пеколот не е така страшен.

На подкастот на Дејвид Јонтеф, Спрингер зборуваше за кариерата, почетоците и наследството што го остави на ријалити телевизијата. И многу му е жал што „ја уништил културата“.

„Јас само имав среќа,“ објаснува тој. „Ниеднаш не ми помина низ глава, додека растев дека ќе работам во шоу-бизнис. Почнав како адвокат и работев за Боби Кенеди. Историјата ми е политичка и правна.“

Шоуто со неговото име го водеше 27 години. Почна во 1991, имаше 27 сезони, и за ова тврди дека било „чиста среќа“. На прашањето дали се смета себеси за „дедото на на ријалити“, вели дека само се чувствува виновен што давал простор на таква токсичност на телевизија.

„Само се извинувам. Многу ми е жал. Што направив? Ја уништив културата. Само се надевам дека Пеколот не е така страшен.“

На прашањето дали е шокиран од тоа што се случува во ријалити-светот, вели дека не е.

„Тоа е само демократизација на целата наша култура,“ вели тој. „Со други зборови, демократијата е секогаш важна работа, а сега со технологијата, влезе и во забавната индустрија. Порано, илјадници години, било - некој на сцена, во арена, на екран - и публиката седи, гледа и набљудува. Но, сега, со технологија, публиката е таа што забавува. Сега веќе не одлучува Холивуд и Њујорк кој ќе биде ѕвезда, сега народот гласа.“

15 ноември 2022 - 00:01