Има истражување што покажува дека гледањето нешто што предизвикува да те јаде туѓ срам, или помодерно кажано - ти предизвикува кринџ - дава вредни информации за човечкото однесување и може да доведе до поголема свесност за себе и емпатија. Наспроти конвенционалната мудрост која на „кринџот“ гледа како на воајеристичка емоција, ова истражување фрла светло на позитивните аспекти на конзумирање вакви содржини и објаснува зошто на луѓето им се толку привлечни.
Туѓиот срам може да дојде во различни форми, но особено го има во серии специјализирани за тоа како The Office. Во нив, ликовите се движат низ непријатни социјални ситуации со минимум достоинство и те тераат да се потресеш од незгодно и да им се смееш како публика. Реалните шоу-а исто се озлогласени по вакви незгодни моменти бидејќи учесниците се изложени на разочарувања, не успеваат во разни предизвици и трпат тешки критики од судиите.
Истражувачите навлегле посебно во првата сезона на Indian Matchmaking на Нетфликс - серија номинирана за Еми, која ја следи стројничката Сима Тапарија додека им помага на клиенти во Индија и Америка со процесот на договорени бракови. Наспроти очекувањата, се открило дека тоа што публиката ја фаќа незгодно на одредени моменти не е само поради воајеризам. Наместо тоа, одеднаш прегледување на цела серија полна „туѓ срам“ нуди неочекуван терапевтски ефект - самото искуство на луѓето им ги покажува сопствените несовршености и им овозможува рефлексија и развој.
За разлика од претходни истражувања што налагале дека гледачите се дистанцираат од „незгодните“ ликови, овде се открило дека ги прифаќаат претставите за проблематичните карактери. Набљудувањето на другите како се „мачат“ во животот ни овозможува чувство на слобода и нè охрабрува како индивидуи да бидеме помалку самокритични.
Заклучокот на истражувањето е дека туѓиот срам има трансформатива моќ, чудно но веројатно вистинито: Како чувство оди подалеку од обичната неудобност во одредени ситуации, или уживањето во плитка забава. Се истакнува неговиот потенцијал како трансформативна алатка за разбирање на другите и со прифаќање на содржини што „ти прават незгодно“ човек може да дознае многу за сопствените однесувања и предрасуди.