Главно, кога „боли косата“, болката потекнува од скалпот, но внатрешно почнува од нервниот систем. Нервните рецептори во краевите на косата се интегрален дел од него и кога ја носиме косата во стегната опашка или пунца, се навикнуваат на таа насока, па се создава притисок на фоликулите. Кога ќе ја пуштиме косата, одеднаш нервните краеви се стимулираат и ова често води до чувствителност или болка.
Физичкиот стрес што предизвикуваат стегнатите фризури предизвикува и оштетување во форма на алопеција поради извлекување, бидејќи стегнатите опашки креираат воспалителна околина за фоликулите, што потоа може да доведе до нивно оштетување и губење на косата што може да биде и трајно.
Се решава со менување фризури - со носење на пуштена, незаробена коса, се намалува тензијата, болката и потенцијалното кршење. Може да се одлучите за пониска, полабава опашка, а ако баш сакате висока и коњска, барем шнолата/ластикот нека бидат полабави.
Доколку се појават сериозни проблеми - и тензија и болка, експертите дозволуваат апчиња против болка, а ако тоа не помага, тогаш време е за дерматолог кој може да препише нешто појако.
Грижата за скалпот е важна, особено ако често ви е собрана косата. Можете да си помогнете со ексфолијација за да се отстранат насобраните масла и мртви клетки, па така и да си олесните доколку чувствувате болка.