Дали „љубовниот прстен“ на Картие навистина вреди над 1000 евра?

Извесна Савана Мукеши стана вирална на ТикТок откако објави дека во извиканиот Картие прстен, знаете кој, има само 130 евра злато.

Картие е едно од најексклузивните имиња во светот на луксузниот накит - некои парчиња стигаат и до цена од 400.000 евра. И од сите, најмногу внимание привлекува колекцијата Love, која има достигнато култен статус во модниот свет. Клои Кардашијан, Хејли Бибер и Кајли Џенер (која имаше само 15 години кога го доби) се фотографирани со прстенот, чија цена почнува од 1000 евра.

Она што Мукеши успева да го дознае е дека, во основа, го плаќаме потписот. Имено, отишла на златар да ѝ го проценат и, се разбира, вредноста била многу помала.

Прво го молела дечко ѝ да ѝ го купи за 28-от роденден, а мајка ѝ сакала да ја убие затоа што, „е помудра и не може така лесно да ја насамарат брендови.“

На крај, сосе мајка и дечко отишла во златара да бира златен прстен и додека биле внатре, му го подала и нејзиниот од Картие.

„Човекот ми го измери прстенот од Картие додека бевме таму. Чинеше 1080 фунти, ама вредноста на златото е, пазете - 115 фунти. Многу ми е жал за дечко ми!“

Сепак, во приказната се појавува Елис Фридман, професиналец од областа на индустријата за накит, која вели дека златарот е „нешто грешка“.

„Цената на златото за која зборува тој е 3,4 грама помножена со цената на 18-каратно злато за тој ден, па и таа минута. Значи, таа би била цената ако итно ви требаат пари - да ви го стопат и рециклираат. Исто како кога зборуваме за златото во Империјалните круни - си има вредност, ама не значи дека круните не се бесценети.

Истовремено, ова не одговара со она што златарите го плаќаат за злато. Парчиња вредат помалку, па потоа се рафинира металот и се враќа во индустријата за накит по повисока цена.“

Нејзината проценка е дека прстенот чини околу 350 евра да се направи и тука не влегува пакувањето и брендот.

„Луксузниот бренд нормално дека ќе ја зголеми вредноста во врска со парчето накит. Слично како кај Луи Витон, никој не мисли дека една кожна ташна вреди 2000 долари, но постои асоцијација на луксуз, дизајн, изработка (Картие сè изработува во Швајцарија), амбалажа, продавници, логистика, операции и правни тимови кои им помагаат да се борат со копии.“

Во моментот кога накитот ќе добие печат и сертификат, веднаш му расте цената. Од тој момент, веќе не се смета само вредноста на материјалите, туку и нивниот квалитет и изработката.

26 декември 2022 - 15:21