За „леснава“ фризура, пред сè треба штипка/стегач за одвојување на косата, треба лак за коса (за да потрае) и фигаро, затоа што не сте се родиле со совршена текстура, се разбира.
Откако ќе завршите со локните (кои, за да биде „полесно“, инструкторкава ги прави поситни) прскате лак и во корен.
Петте минути одамна отидоа.
Понатаму, на ред доаѓаат шноли. Фризурата нема да ја држи ништо освен „боби“ шноли, а при крај веќе ќе видите дека треба и инвестиција во „француски“ шноли кои, среќа, ги има на eBay („french pins“).
Веќе е потребен визуелен приказ на процесот. Ама крајот се исплати. Ќе се окозиш од работа за на крај да изгледаш како „собрана после спиење“, ама - Брижит Бардо си е Брижит Бардо.