
Но, како што пренесува Agence France-Presse, изгледа дека тој пазар не е толку „жеден“ како што се очекувало. Чантата од Т. Рекс се продаде за значително помала сума од планираната.
Темно синкаво-црната плико чанта, создадена од биотехнолошките компании The Organoid Company и Lab-Grown Leather Ltd, во соработка со модниот бренд Enfin Levé, доби неколку понуди и навистина беше продадена - но само малку над 150.000 евра. Тоа е помалку од половина од најпесимистичката проценка.
Можеби и не би било толку изненадувачки ако се каже едноставно: никој реално не бара ташна од Т. Рекс. Или, пореално, можеби никој досега не се обидел да продаде нешто вакво, па претпоставката дека луѓето ќе платат половина милион евра беше малку преценета.
Самата „кожа“ е направена од колаген добиен од фемур (бутна коска) на Т. рекс откриен во Монтана пред околу 25 години. Научниците користеле компјутерска биологија и модели потпомогнати од вештачка интелигенција за да ги реконструираат генетските информации што фалеле и да создадат клетки што можат да произведат материјал кој го опишуваат како вистинска Т. Рекс-кожа во лабораторија.
Звучи како Џурасик Парк, ама побескорисно.
Можеби корисноста се наѕира во објаснувањето на самите креатори: тврдат дека целта на проектот не била само луксуз, туку демонстрација дека во иднина може да постојат одржливи алтернативи на класичната животинска кожа - и подобра замена за евтината, пластична „веганска кожа“.
Реално, звучи фантастично - кожа што изгледа, се чувствува и се однесува исто како кожа од животно, без ниедно животно да страда звучи како фина иднина на модната индустрија која одамна бара алтернативи.
Само, мораше ли да се почне со ташна од диносаурус?!