„Бел лотос“ оди во Тајланд

Да видиме дали продуцентите ќе го послушаат Твитер и дали ќе ја ангажираат Памела Андерсон како сестра на Џенифер Кулиџ.

Втората сезона ја сместија во луксузен резорт во Сицилија и заврши со очекувано драматично и крваво финале. Сега, креаторот на серијата, Мајк Вајт ги сподели идеите за следната сезона, каде ќе се одвива и кој е можно да се врати.

Во еден клип, Вајт пушти чивија за Азија.

„Првата сезона фрли хајлајт на парите, втората на секс. Мислам дека третата може да биде сатиричен и смешен поглед на смртта и источната религија и спиритуалност. Мислам дека ќе биде богата таписерија за уште една рунда Бел Лотос.“

Оваа изјава е од пред некое време, сега е веќе официјално - одат во Тајланд каде што имаат избор од локации на Фор Сизонс (во град, џунгла и на плажа). Вајт веќе се шета по Тајланд и лови локации за снимање.

На прашањето кој може да се врати, како што Кулиџ се врати во втора откако ја освои публиката во прва сезона, Вајт вели:

„Џенифер ми е другарка и сите ја сакаа во прва сезона, па си реков, не можам во Италија без неа. И можеби е сè уште така. Може не можеш ни во Јапонија да одиш без Џенифер.“

Што сака со ова да каже, со оглед на тоа што

Спојлер!

„Тања“ на Џенифер Кулиџ умре во втора сезона, не знаеме.

„Сепак,“ додава тој, „мислам дека ќе биде забавно да се врати некој од претходните сезони.“

Во меѓувреме, интернетот му кука за Линдзи Лохан:

3 април 2023 - 00:00