Првата Барби кукла со Даунов синдром ја промовираа минатата недела и веќе се троши - дел е од колекцијата Fashionistas, односно инклузивна селекција играчки кои го слават диверзитетот и се борат со стигмата околу физичките инвалидитети.
Мател соработувале со Националното друштво за Даунов синдром и создадоа кукла со значајни симболи - пеперутки и сина и жолта боја кои се поврзани со ширењето на свеста за Даунов. Куклата има привезок со три стрелки што ги означуваат трите копии на 21-от хромозом и со розево помагало за глужд што го користат многу деца со Даунов синдром.
Во моментов е распродадена, но илјадници се надеваат дека наскоро ќе се врати во продажба.