Анџелина Џоли влегува во модниот свет

Ќе се вика Ателје Жоли.

Анџелина Џоли минатата недела ја имаше по медиуми кога се објави дека биографскиот филм во кој ја игра Марија Калас ќе се прикажува на Канскиот филмски фестивал. И ова не е најбитна новост за неа, затоа што во нејзината биографија, после актер, режисер и амбасадор на ОН, го додава и Ателје Жоли, нов бренд кој ќе работи со рециклирани материјали и ќе ги користи способностите на бегалци и други талентирани недоволно ценети групи на луѓе, кои би дошле на позиции на достоинство врз основа на вештини.

Џоли ова го објави на Инстаграм и напиша:

„Денес почнувам нешто ново - колектив каде што сите ќе можат да создаваат... Ателје Жоли е место за сите креативни луѓе да соработуваат со вешта и разнолика фамилија на професионални кројачи, изработувачи на дезени и занаетчии од целиот свет. Ова потекнува од мојата длабока почит за многуте кројачи и создавачи со кои сум работела претходниве години и желба да го ставам во употреба висококвалитетниот винтиџ материјал што е веќе достапен и да бидам дел од движење што култивира себеизразување.“

18 мај 2023 - 11:58