500 години фризури

Имате 45 минути? А имате 45 минути за гледање фризури од 1520 година па наваму? 

Значи не 100 години, како што сме имале за пудра, или за модни писти, туку 500! Пред да кажете не, да си знаете дека 45 минути се одвоени за ова над 3,5 милиони пати, а прашање е колку време траело снимањето. Видеото е на Морган Донер, чија посветеност на каналот е толку голема, што (спојлер) целата таа коса што ја има до под газ, ја исече постепено за да може да ги опфати баш сите фризури, баш автентично.

И да, разликата во времето на сушење е многу драматична.

Ако сме сериозни, ова е многу добро парче модна историја и многу добро предавање, за тие што сами студираат по дома, во сопствена режија. 

8 февруари 2022 - 00:01