30 најглупи изговори за изневерување

„Пијан бев” добива надградби, модификации и уметничка конкуренција.

Една жена на Твитер поставува прашање: „Кој е најсмешниот изговор за изневерување што сте го добиле? Мене бившиот ми рече дека ме изневерил затоа што имам фобија од возење.”

Ова е доволно глупо, ама одговорите… Прајслес.

1. Го частела сендвич, некако морал да врати.

2. Ја лајкнал мојата најдобра другарка на Тиндер (не знаеше дека ми е другарка) и ѝ пратил порака. Кога го прашав, ми рече дека некој го хакирал. Кога го прашав како така е хакиран кога и локацијата и биографијата му се точни, рече „Е, не знам сега како функционираат тие хакери!”

3. Еден од изговорите зошто го немаше една вечер беше дека имал инфаркт и бил во болница.

4. Фати херпес и мајка му пред мене го праша дали го земал лекот и јас прашав каков лек, и ми рече дека има туберкулоза.

5. Рече дека главата ми е многу мала во споредба со неговата и дека се секира што мора секогаш да стои зад мене на слики.

6. Ме изневерил затоа што му требала траумата за развојот на мојот лик. Не се шегувам, писател беше.

7. Еден бивши буквално ми кажа дека Господ му рекол да ме изневери и дека тоа му било судбина.

8. Во еден од многуте наврати кога ме изневери, ми рече „Имаше исто име како твоето, мислев ќе ти биде смешно кога ќе ти кажам.” Не беше смешно.

9. Било роденденски подарок и не се важело.

10. Заборавил дека сме заедно.

11. Имала исто име и ист роденден како мене и го потсетила на мене. Ма немој.

12. „Те изневерив затоа што ме обвини дека те изневерувам.”

13. Затоа што „сум сакала да го сменам и не сум му ги прифаќала маните.” На хероин беше.

14. „Не знаев како да ти кажам дека сакам да раскинеме.”

15. „Многу време ме немало.” (Во војска во Авганистан)

16. Еден ме изневери затоа што, како што рече, никогаш немал прилика да допре големи цицки.

17. „Не сакав да те будам…”

18. „Ме принуди да ѝ го запишам бројот и отидовме во кино само за да и кажам дека имам девојка.”

19. Сакал да види дали „тревата стварно била позелена.”

20. Морал, затоа што надвор било ладно, а јас сум била оддалечена 45 минути.

21. „Случајно, без да приметам.”

22. Знаел дека му читам пораки, па ете да направи нешто, за да имам што да читам.

23. На забава бил, и еден куп девојки му се пуштале, па за да престанат, другар му му направил шљивка за да знаат дека има девојка.

24. Сакал некоја што не знае што прави, за да ја научи.

25. Затоа што сум почнала да носам војнички чизми и се исплашил дека ќе станам даркерка.

26. Не сум сакала да одам на куглање.

27. Затоа што не сум сакала да имам деца. Тој веќе имаше 6 и не можеше ни да ги издржува.

28. Испил многу парацетамоли и не знаел што прави.

29. Го фатив како праќа дик пикс и ми кажа дека со другарите си ги споредуваат.

30. Не знаел дали сме уште заедно, затоа што 10 саати не сум му вратила на порака. Спиев.

11 декември 2019 - 13:01