Кога носите божем растурена плетенка
Девин Трот, професионален стилист за коса од Њујорк кажува дека главната тајна за „плетенка како од приказна“ е дарежливо количество сув шампон во коренот, измасиран низ целиот скалп. „Почнување и завршување на плетенката со сув шампон прави косата да изгледа мат, мека и привлечна за допир,“ вели Тот. „Наместо да изгледа ригидно, додавањето на сув шампон создава ефект на ‘лесно’“.
Значи, прво се дели косата на три прамени, па во коренот се нанесува сув шампон. Се плете, се врзува, па се масира главата, за да се „растури“ малку.
Спас после вежбање
Мрсните прамени после интензивно вежбање знаат да бидат хорор и веројатно тушот е најдобра опција, но ако од икс причини не можете и не сакате да ја измиете косата (читај: вчера си фенирана и не е фер), сувиот шампон е решение. „Држете го шампонот на 10-15 цм од главата, па прскајте прамени од двете страни, еден по еден, целејќи кон коренот,“ вели Тот. „Масирајте го скалпот, па повторете додека не сте сосема задоволни.“ Овој метод го зголемува волуменот ако сакате да ја носите косата пуштена, но ефектот е добар и на пунџа и опашка.
Оживување на косата преку ноќ
За да не се борите со мрсен корен од сабајле, Тот предлага прскање пред спиење, за производот да го апсорбира мрсното додека спиете. „Почнете со прскање позади над вратот, таму има најгуста коса и најчесто таму се заплеткува во текот на ноќта,“ вели тој. „Потоа можете да ја врзете во две лабави опашки за да не ви се мота таму.“ Ако не можете да спиете со собрана коса, поделете ја на две со патец позади и поминете со четка испрскана со сув шампон.