Наместо да зборуваме за хечбег со 3 врати во купе варијанта, сега имаме нова линија на автомобил со иновативна каросериска изведба препознатлива како “shooting brake” (модерна кратенка за елегантен и спортски караван). Комбинација од возбудата и елеганцијата на купе со практична префинетост на спортски караван.
Новиот Kia ProCeed претставува третиот каросериски модел во семејството CEED. Третата генерација на модел кој е произведен на препознатливата “K2 платформа” во Жилина, Словачка. Овој ProCeed е автомобилот кој ги тестира правилата на просторот наспроти разновидноста и ја предизвикува перцепцијата на перформансите. Новата гама на Kia ProCeed нуди два впечатливи модели – GT и GT Line.
Динамичната линија на покривот со елегантни контури околу цврстата извајана каросерија, дизајнирана за да му го даде на овој модел спорсткиот карактер и сето тоа го заокружуваат 18” тркала од лесна легура, уникатните предни и задни LED светла во вид на коцка мраз, двослојниот заден браник и двете издувни цефки кои го потврдуваат спортскиот изгед на новиот ProCeed, кој претставува уживање да се гледа, но и да се слуша. Не се изоставуваат и украсните елементи како што се, спортските странични украси во впечатливата црвена боја, црната предна решетка налик на нос од тигар, предниот браник и амблемот GT. Потенцирајќи ја надворешноста на новиот ProCeed, не би ја изоставиле и пространоста. Каросериската изведна на новиот ProCeed доаѓа со 594 литри багажен простор, кој е меѓу најдобрите во сегментот, преклопување на задните седишта и се тоа го заокружува паметната задна врата.
Не се изоставува и внатрешноста на моделот кој му пркоси на конвенционалното и ги промовира принципите на впечатливиот дизајн и спортскиот стил. Возбудата на префинетоста се достапни за возачите, но и за патниците. Високиот квалитет на црни седишта во комбинација од антилоп и кожа, сивото шиење на моделот GT со впечатливиот амблем, елегантниот спортски управувач во D-стил (7 степен пренос со двојна спојка од најновата генерација за спортско возење и одлична потрошувачка на гориво) со рачки за менување на степен на пренос, избор за менување на стилот на возење (DMS) контролна табла со 8” екран на допир и систем за навигација, а за потполна удобност ја поседува автоматска контрола на климатизација со дигитален екран и можноста за греење и проветрување на предните седишта, како и греачи за предното стакло со автоматско одмаглување. Како дел од опремата влегуваат и безжичниот полнач за мобилен, Bluetooth, USB приклучок и JBL Premium Sound System, кој доаѓа со 8 звучници и напредна технологија Clari-Fi за обновување на музиката. Во поглед на безбедностниот систем кој го поседува новиот Kia ProCeed би ги издвоиле паметниот темпомат (SCC), помош за задружување во сообраќајна лента (LKAS), помош за следење на сообраќајна лента (LFA), помош за избегнување од сообраќајна незгода (FCA), предупредување за постојано внимание на возачот (DAW), паметна помош за паркирање и предупредување за сообраќајна незгода од заден вкрстен сообраќај (RCCW).
Динамичното возење, агилноста и чистата моќ се наоѓаат во срцето на забавното доживување кога се вози новиот Kia ProCeed. Агрегатите на двата модели (GT и GT Line) се конфигурирани за максимални перформанси, со суспензија и регулатори за да се додаде авантуристичкото чувство на секое патување.
Забавата започнува овде, храбро и смело, елегантно и префинето, стилски и спортски, како новиот Kia Proceed кој е достапен во продажната мрежа на Kia Motors Macedonia. Осмелете се да сонувате на поинаков начин и восхитувајте се на смелоста на спорсткиот карактер кој го нуди новиот ProCeed. Погледнете како изгледа новиот ProCeed низ видео приказ: https://www.youtube.com/watch?v=uLFFrq3ocx0
Посетете ги салоните на македонскиот импортер КММ и уверете се за храброста која ја поседува новиот ProCeed или посетете ја веб страната kia.mk (ProCeed конфигуратор - https://www.kiamotors.com.mk/proceed.php) како би биле во тек со сите новитети кои ги претставуваат од Kia Motors Macedonia.
(Комерцијален текст)