„Оваа песна ја пишував низ изминатите три години и раскажува туѓо искуство, искуство кое драга личност го сподели со мене. Хаосот во песната е вусшност дел од кошмарот на девојката која го сподели со мене и тоа беше главната инспирација. Како одминуваше времето, како созревав, сè почесто се пронаоѓав во песната, во самите зборови, во музиката, но токму затоа и претрпуваше толку измени, па сега можам да кажам и дека пеам за мое лично искуство. Затоа и толку ја сакам, веројатно, заради процесот и патувањето, како од емоционален, така и од инструментален аспект. Секогаш кога ќе се навратев на неа, нешто ново можев да додадам и секогаш новото значеше подобрување на целиот пакет. Се надевам и слушателите ќе можат да го почуствуваат истото кога ќе ја слушнат“, изјавува Yon.