Продукцијата на видеото на Ed Sheeran е само продолжување на успешната соработка која 351 Студио ја има со најголемите светски музички имиња како Bruno Mars, Cardi B, Wiz Khalifa, Migos, Clean Bandit, 21 Pilots, Tiesto, Ariana Grande, Zayn, Nicki Minaj и најголемите светски издавачки куќи Warner Music, Universal Music, Sony Music и нивните лејблови Atlantic Records, Capitol Records, Def Jam, Columbia Records, Ultra, Spinnin Records, Armada Music... Во своите 6 години постоење, 351 Студио кое е дел од македонската компанија Скај Ај Ентертејмент од Кавадарци која има изработено повеќе од 2300 видеа за музичката индустрија, зад кои стојат потписите на 30тина млади креативци од нашата земја. Портфолиото на компанијата е достапно овде