Здраво Трендо,
Пошто си подржувач на нашава мала, панкерска и напатена сцена, еве ти праќаме едно позитивно инфо од Охрида града.
По речиси 7 години, ние(Комунална Хигена) имаме чест да го претставиме нашето најново, второ музичко остварување, во форма на ЕП албум насловен како „Вино & Oi!". Промоцијата на цд-то ќе биде на 14-ти февруари во Охрид!
Како големи љубители на виното кое ни дава неисцрпна инспирација за творење, настанот го „темпиравме" за празникот кога традиционално се зарежуваат лозјата, св. Трифун.
Албумот наскоро ќе биде достапен онлајн, а сите подржувачи на македонската андерграунд сцена ќе имаат можност да набават хард-копија од албумот по цена од 100 денари.
Концертна промоција очекувајте во летниот период, а до тогаш наздравувајте со црвен „аператив". Наздравје! Вино & Oi!!!!
Еве една песна од мини-албумов! :) имај убав ден и штом ги аплодираме песниве по нет, ти ги праќаме да си ги имаш за у архива. Ои ои!
Панкероски