Ни остана пустелија, земјата се раскопа
Студени се зимите, ни ѕемнат постелите
И орлишта надојдоа, на три се разделија
Планините ни ги газат, очите ни ги копат
И народ ќе натерат од празна стомна да пие
И сонце ќе ни заменат за ќора пол-месечина
Од каде ти е името, без корен ти е лозата
И сестри ти навезаа за петсто лета црнина
Ќанија Аџамија
И сега ко да не сфаќаш, од каде ова светлина
што ни беше виделина за петсто лета темнина
И фодули нека нека препукнат, и раце да им окапат
низ усти пелин нек' изблујат, од пуста им поганштина
Од сабја рани ќе зараснат, од очи солзи ќе се исушат
а в душа беснат ветрови, а на срце пајажини...