Занаду - Ураган

Занаду се музичка четворка од Скопје кои потпишаа договор со хрватската независна издавачка куќа interstellaR. Членовите на бендот се запознале на 17-годишна возраст и по само неколку години го снимија и самостојно го објавија својот прв албум насловен „Соништа“. „Ураган“ е првиот сингл од претстојното ЕП издание (после летото) а придружните вокали на албумот ги снимиле група млади холандски туристи во Скопје.

 

12 јуни 2026 - 16:35