Bernays Propaganda - Мојата Марија

Ти пишувам како да ми е првпат,
Песна последна.
Се би дала јас пак да сум наивна.
Се би дала во некој да верувам.
Јас не знам овде КОЈ КОГО ПЛАЌА?!

Вратете ја мојата Марија.
И секој што немал да се лекува.
...и тој во кој што се заљубив тогаш!

Вратете ми нежност и радост !
И 27 полесни денови...
Живеам само 3 дена месечно.

Не ми требаат болни амбиции,
Кариера, ни броење лајкови,
Вратете ми го воздухот бистар!
5 минути моќ ...
убија другар, убија човек.

Пуштете ја планината... чувар е!
Искрени деца... овде дојдете!
Ова е ваше, не го продавајте.
Пуштете ја планината... чувар е!
Искрени деца... овде дојдете!

 

20 декември 2018 - 14:13