За што протестираат луѓето од Бардовци?

„Изградбата на планските содржини со државната урбанистичка планска документација, ќерезултира негативни влијанија од социо-економски аспект, односно интеграција на прифатените странски државјани во социјалните текови на заедницата, потреба од отворање на нови работни места, сместување, комуникација со локалното население, ризици по здравјето и безбедноста на заедницата, а особено врз жените и децата. Дополнително изградбата и функционирањето на ваков центар ќе предизвика потреба од јакнење на институциите во смисла на обезбедување сигурност на сместувачките капацитети во прифатниот центар за странци и луѓето (странците) кои таму ќе бидат сместени, како и јакнење на институциите во смисла на безбедно функционирање на центарот и сите пропратни инфраструктурни елементи.

******

Од аспект на животна средина спроведувањето на планскиот урбанистички документ, ќе предизвика негативни влијанија врз животната средина во фазата на изградба но и оперативна фаза кога центарот ќе биде посетуван од странците. Во конструктивната фаза се очекуваат влијанија од работењето на градежната механизација но и од вработените кои ќе бидат ангажирани на проектанта локација. Главните емисии, кои ќе се генерираат, се емисии во воздух, почва, води, бучава и вибрации. Ќе се генерира значителна количина на отпад кој главно ќе биде отпад од градење и рушење, отстранета земја, мешан комунален отпад, отпад од пакување, опасен отпад со кој доколку не се управува соодветно ќе претставува закана и опасност по околното население, медиумите во животната средина и биолошката разновидност во потесното подрачје. Подрачјето е особено сензитовно заради постоење на бунарскиот систем Нерези-Лепенец.

*******

Покрај еколошки проблеми, проблеми кои може да го забават спроведување на планскиот документ е можното незадоволство кај локалното население, бидејќи постоење на еден ваков центар може негативно да влијае врз вредноста/цената на нивните имоти. Исто така присуството на странци, може да ја засегне сигурноста на заедниците. Сепак при донесување на планскиот документ ќе се земе предвид ставот на јавноста и засегнатите страни во однос на имплементација на планските содржини.

* од планскиот документ за прифатен центар за странци, предвиден на седум хектари во Бардовци, кој интегрално го имате овде

12 август 2021 - 16:36