02 мај 2023 година на Плоштад Македонија, КИЦ, МКЦ и Школка во Градски парк ќе се одржи средношколскиот настан СРЕДНОЛЕНД.
Има за цел да ги промовира талентираните средношколци и нивните училишта, да ги насочи кон вистинските вредности и да го зголеми интересот кон уметноста и културата. Средноленд е инициран од професори и ученици од средните училишта во Скопје, организиран од “Универзална Сала” а финансиски поддржан од Град Скопје. Во рамките на овој повеќедневен настан, учениците ќе имаат можност да го претстават својот талент преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија и филм.
СРЕДНОЛЕНД е настан во кој се вклучени ученици и наставници од „Георги Димитров“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски Корчагин“.