Имате научни фотографии?

Здружението Споделено знаење, кое се занимава со проекти како што се Википедија, Ризница, Википодатоци и други, најавува „Натпревар за научна фотографија 2023“.

Ќе трае од 1 ноември до 15 декември и е дел од седмото меѓународно издание на Натпреварот за научна фотографија, организирано од иницијативата Wiki Science Competition.

„Македонскиот натпревар е со цел обезбедување слободни фотографии од науката од Македонија. Целта на тие фотографии е понатаму во иднина да бидат користени од документарен и информативен карактер, односно за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни викимедиини проекти“, велат од здружението.

Има две категории на награди: локални (македонски) и меѓународни.

Најуспешните фотографии според оценката на месно стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, доделувани од Споделено знаење, и тоа:  

* Прва награда за највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 350 евра;
* Втора награда за втора највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 250 евра;
* Трета награда за трета највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра;
* Четврта награда за четврта највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 50 евра;
* Петта награда за петта највисоко оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 50 евра;
* Награда за учесник со најмногу фотографии – денарска противвредност од бруто 200 евра

За најуспешните фотографии следуваат ваучерски награди, доделувани од страна на иницијативата Wiki Science Competition.   

* Повеќе за натпреварот на неговата главна страница

27 октомври 2023 - 10:43