„Дремка за двајца“ од Братислав Димитров

„Пишувам скоро 55 години и ја имам таа ретка среќа да имам многубројни и најразлични читатели. Стари, млади, богати, сиромашни и луѓе  од најразлични професии.

Ако успеете барем еден човек да направите посреќен или помалку осамен, вие сте направиле голема и важна работа во животот.

Книгата ја препорачувам секому, за да продадам што повеќе примероци. Да бев столар, секому ќе ги препорачував моите маси и столици“, вели авторот.

Станува збор за колумни кои се хроника за едно друго време, она за Скопје од втората половина на 20 век, а се однесуваат на настани и ликови кои Братислав не само што успеал да ги зачува од заборавот, туку успева да ги врати назад во времето оние кои го живееле овој период, но и да им го приближи на оние кои не знаат ништо за него.

7 јуни 2024 - 18:45