Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Заев и Верушевски веќе не ги интересираат бомбите

4 септември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Експремиерот Зоран Заев и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски не се појавија во својство на сведоци за масовното прислушување.
  • Во Кривичниот суд тие требаше да се соочат со прашања на обвинителот Артан Ајро и на обвинетите, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и другите обвинети во случајот „Таргет-Тврдина“, кој долго ја тресеше Македонија.

  • Бомбите на Заев, како што ги нарекуваа тогаш:
    а) изведоа на улица илјадници луѓе,
    б) беа причина за формирањето на специјално јавно обвинителство на Катица Јанева,
    в) смена на власта и
    г) промена на името.

извор

САД ѝ платија 1,2 милијарди долари на фирма за да НЕ гради ветерници на море

7 август 2026
  • Share
  • Post
  • Германската енергетска компанија RWE го откажа проектот за ветерни електрани на море покрај брегот на Калифорнија и Њујорк откако постигна договор со Министерството за внатрешни работи за исплата на 1,2 милијарди долари.
  • Од оваа сума, 900 милиони долари ќе бидат пренасочени во инвестиција за изградба на терминал за извоз на течен природен гас во Луизијана. 
  • „По внимателно разгледување, заклучивме дека не постои начин да добиеме дозволи за проектите за ветерници во САД во догледна иднина“, соопшти компанијата. Долгорочниот план на RWE е да инвестира 19,6 милијарди долари во енергетски проекти во САД во текот на следните шест години.
  • „Американците заслужуваат енергетски систем заснован на здрав разум, а не систем што зависи од скапи субвенции“, објави Министерот за внатрешни работи на САД, Даг Бургум.
  • Во март годинава Министерството постигна сличен договор со француската компанија TotalEnergies да пренамени инвестиција од ветерни електрани на море кон постројка за течен природен гас во Тексас и црпење нафта во Мексиканскиот Залив.
извор

Нов обид на Трамп да го ограничи правото на државјанство на САД

7 август 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот Доналд Трамп потпиша две извршни наредби за автоматското право на стекнување државјанство за деца родени во САД и за спречување на „породилниот туризам“.
  • Првата наредба го ограничува правото на државјанство на деца на странци само за одредени категории лица. Државјанството автоматски нема да важи за деца на родители што работат во странски амбасади или организации, или за родители за кои има основани сомневања дека го злоупотребуваат системот.
  • Врховниот суд на САД на 30 јуни ја поништи претходната извршна наредба на Трамп со која децата на илегалните имигранти и на лицата со дозвола за привремен престој се исклучуваа од правото на автоматско државјанство врз основа на местото на раѓање.
  • Втората наредба го забранува „породилниот туризам“ - честа практика на бремени жени да патуваат во САД со туристичка виза со намера таму да се породат и детето автоматски да добие американско државјанство.
  • „Некои богати лица градат бизниси врз основа на правото на државјанство по пат на раѓање. Не требаше така да функционира. Тоа е срамота. Тие си го купуваат патот внатре. Нема да дозволиме тоа да се случи, изјави Трамп.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Војната во Украина достигна точка на пресврт

Свет
2

После посетени 43 европски града, во срцето останало Скопје

3

Не може име да биде појасно

Балканштина
4

Златко Далиќ најде нова репрезентација

5

Бабарогата наречена холестерол

Разно
6

Заблуде сам ево престао да бројим

Разно
7

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

Разно
8

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
1

Војната во Украина достигна точка на пресврт

Свет
2

После посетени 43 европски града, во срцето останало Скопје

3

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

Разно
4

Големите банки од Волстрит му помагале на Епстин во трговијата со луѓе

Свет
5

Руски „црни вдовици“ се женат со војници заради отштета

6

Казна од 942 милиони долари за Мета поради загрозување на здравјето на децата

7

Израелски крт во Обединетите нации

Свет
8

САД ѝ платија 1,2 милијарди долари на фирма за да НЕ гради ветерници на море

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Крајот веста ја краси

Балканштина

Мора да ја повториме оваа легендарна ситуација

Македонштина

Пожарот од блиску доаѓа

Балканштина

Не може име да биде појасно

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Да не постоеја, Бугарите ќе требаше да се измислат

Писмото на Тито: Драги мои Југословени, сето ова си го заслуживте

CV-то на Да Винчи

Лесно е да си iГенерал после битка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy