Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

За 10 години: 7.000 студенти помалку, над 1.000 професори повеќе

1 октомври 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бројот на студенти на државните факултети постојано се намалува во последните десет години и од некогашните скоро 60 илјади студенти, сега е сведен на едвај нешто повеќе од 50 илјади.
  • Во однос на процентуалните загуби, најмногу студенти од УКИМ загубил Шумарскиот факултет – 69 отсто, потоа Филолошкиот кој загубил 64 отсто од студентите, потоа Градежниот со загуба од 62 отсто, Земјоделскиот со 60 отсто и Правниот факултет, 55 отсто.
  • Од сите 23 факултети на УКИМ, само на четири има повеќе студенти, споредено со бројот од пред десет години. Најголем пораст има на ФИНКИ, следи Медицинскиот па Фармацевтскиот факултет.
  • Наспроти намалувањето на бројот на студенти, се зголемува бројот на наставници и соработници. Само за последните десет години, универзитетскиот кадар пораснал за повеќе од илјада луѓе, односно за една третина. На државните универзитети има за 26 отсто повеќе кадар отколку пред десет години, односно 786 наставници и соработници повеќе. На приватните, пак, кадарот пораснал за 281 лице, односно за 45 отсто.

извор

Андоновски: Поштата наречена копнеж или за достапноста

10 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Достапноста ќе нè убие. Достапно ни е сè: ене цигари на трафикана за сите, ене го мобилниот со кој го слушам брат ми од Америка кога сакам (дури и гледам каде е во моментот и што прави). Достапни ми се сите брендови на патики и фармерки, онде се зад аголот, во „Сити мол“ или во „Ист гејт“.
  • Кога сè е достапно, се смалува копнежот по она што го посакуваш. Гасне желбата. А убавината на животот е во копнежот. Убавината е токму во одлагање на задоволството, во одлагање на задоволување на желбата.
  • Секое ИНСТАНТНО (one click) задоволување на желбите го уништува уживањето, кое доаѓа од чекањето. Да, иако звучи апсурдно, така е – колку подолго го чекаш она по што копнееш, толку посилно ќе биде задоволството кога ќе го добиеш. Ние веќе не знаеме ништо да цениме, по ништо да копнееме, дури и не знаеме што значи да „гориш од желба“ по нешто, зашто ДОСТАПНОСТА на сите нешта инстантно ни ги задоволува сите желби.
извор

Поразите носат кавги: Фрчкоски - Пендаровски

10 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, дека „мешетари внатре во СДСМ“.  – Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе…, рекол Фрчкоски кај Васко Ефтов.

  • Пендаровски му одговори: „Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување. Изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува поради ‘квалитетот’ на изворите со кои некои луѓе се дружат“, додаде Пендаровски.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Бугарски електричар

Балканштина
2

Верижна семејна драма во Штип

Разно
3

Дилеми за славата

Балканштина
4

Рафинирана дебата во бугарскиот парламент

Балканштина
5

Европа станува зрела за Рамковен

Онака
6

Видете го планот на ЕУ за брзи пруги и сè ќе ви стане јасно

Онака
7

Виенската полиција ги одра велосипедистите

8

Саркози го одлежа своето

1

Виенската полиција ги одра велосипедистите

2

Саркози го одлежа своето

3

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Свет
4

Хрватска по пола век остана без весници од странство

5

Само 14% од ПЦР-позитивните биле вистински инфекции

Здравје
6

Кројачите од ББЦ поднесоа оставки

7

Поразите носат кавги: Фрчкоски - Пендаровски

8

Санчез: Европа не смее да биде вооружена до заби

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бранко е генијалец

Балканштина

Дилеми за славата

Разно

Верижна семејна драма во Штип

Балканштина

Бугарски електричар

Разно

Песна за липата и чајот

Македонштина

Македонскиот Никола Тесла

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како да пиете за Нова Година а да не бидете "оној кој се уби"

Ај сечи Перо (авто верзија)

Таа моја гитарска Македонија

На пупку минѓуша

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy