- За првпат после јули, цената на нафтата отиде преку психолошката граница од 100 долари за барел.
- Цената ја следеше ескалацијата на односите меѓу САД и Иран. Американците се пофалија дека уништиле пет ирански танкери за нафта, овие возвратија со напади врз американскиот сојузник Јордан и советуваа танкерите во Кувајт и Бахреин да се евакуираат.
- Европскиот STOXX 600 падна околу 0,7%, а во минус беа и германскиот, францускиот и британскиот индекс. Но, најголема опасност е инфлацијата.
- Пред војната, нафтата беше околу 70 долари за барел.
- Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
- Се наведува дека тој не постапил согласно одлуките на Управниот одбор за исплата на обврски кон две правни лица. И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.
- Со тоа оставил простор овие да поведат судски постапки кои ги добиле па штетата за Пошти на основ на исплата на затезни камати е речиси 11 милиони денари.
- Владата на САД би можела да блокира ботови со ВИ ако утврди закана дека може да предизвикаат смрт на повеќе од 50 луѓе или штета повисока од 1 милијарда долари.
- Ова е предлогот на Антропик во нацрт-закон за „безбедност“ на вештачката интелигенција, поднесен до Конгресот на САД.
- Сè што е подолу од овие граници би се толерирало како „разумна политика“.
- Проценетиот ризик од моделот со ВИ би морал да произлегува од дизајнирање или создавање на биолошко оружје, кибернетски напад или бегање на агент со ВИ од контрола на лабораторијата во која се развива.
- Ризикот би го проценувале „независни евалуатори“, регистрирани во Министерството за трговија, при што е оставена можноста за нивните услуги да плаќа лабораторијата во која вршат увид.