- Редакцијата на „Слободен печат“ најостро го осудува чинот на следење и снимање на новинарката Мирослава Симоновска, наводно од „свиркач“, како и објавувањето на таа снимка на телевизија со национална концесија.
- Иако ликовите на двете лица се замаглени, нема појасен доказ за кршење на уставно загарантираните права на новинарите, особено што зад снимката „застана“ вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. Хајрулахи притоа направи превид, заборавајќи (намерно или не?!) дека, всушност, станува збор за правосилна пресуда на Врховниот суд, која е објавена на веб-страницата на Судот.
- „Државата со години не успева да докаже кој прислушувал за т.н. „бомби“. Сега го имаат Хајрулахи на тацна“, пишува медиумот.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.