- Шпанските рибари не почекаа да видат како ќе се заврши и кој што ќе каже на уште еден самит на организација во која членуваат, туку излегоа на улица и почнаа да протестираат и блокираат.
- Заради штрајкот и блокадите што ги воведоа рибарите, дел од шпанските граѓани и компании тргнаа во соседна Португалија во набавка на најразлични производи.
- Гневни заради ваквото штрајкбрехерство, рибарите го блокираа и запалија мостот што ги Шпанија и Португалија, а преку кој мораат да минат нивните сограѓани.
- Израелската армија потврди дека е автентична фотографијата што се шири на социјалните мрежи, на која се гледа како израелски војник со голем чекан ја удира главата на Исус на статуа што паднала по израелски напад врз христијанското село Дебл во јужен Либан.
- Северната команда објави дека се спроведува истрага за инцидентот, дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против одговорните за инцидентот во командниот синџир“ и дека „се соработува со локалната заедница за да се врати статуата на своето место“.
- Пред да постигне договор за прекин на огнот во Либан, Израел протера близу 1 милиони Либанци од територијата јужно од реката Литани, уништи многу села и сè уште ја окупира територијата.
- „Господе, прости им, зашто не знаат што прават“.