- Тужбата против Алек Болдвин наведува дека сценариото не предвидувало дека тој треба да пука со пиштол во моментот кога ја застрелал и убил Халина Хачинс.
- Според сценариото требало да се снимаат три блиски кадри, еден од очите на Болдвин, еден од дамката крв на неговото рамо и еден од неговото торзо „како ја пушта раката надолу кон футролата за пиштол и го вади пиштолот“.
- „Во сценариото немаше ништо дека треба да се испука од куршум од страна на обвинетиот Болдвин или од кое било друго лице,“ пишува во тужбата.
- Тужбата ја поднесува супервизорката на сценариото Мамие Мичел, која се јавила полиција по пукањето.
- Адвокатката на Мичел го обвинува Болдвин дека „играл руски рулет“ кога го испукал пиштолот без да го провери.
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.
- Најмалку 12 луѓе загинаа и десетици се повредени во верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија.
- Во услови на исклучително густа магла во 7 часот наутро, близу клучката „Зимница“ имало два верижни судари – едниот во правец кон Бургас, а другиот во спротивната насока кон Софија.
- Се судриле повеќе од 86 автомобили, камиони и автобуси. Некои се запалиле.
- Десет лица загинале на место, а уште две починале при транспорт до болница.
- Најмалку 48 повредени луѓе биле префрлени во болниците во Јамбол и Сливен, некои во тешка состојба, изјави министерката за здравство Катја Ивкова.
- Во операцијата за извлекување патници од возилата и укажување итна помош се ангажирани и припадници на воените сили, со хеликоптери и транспортни авиони.