Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Русјаков: И јас сум Челзи

19 март 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Младиот шахист Алиреза Фируџа, побегна од Иран во Франција зашто иранските власти не му дозволија да игра шах против Евреин. Сега Франција му забрани да игра против руски шахист.
  • Лудаците не го протераа само Абрамович, тие му забранија на Челзи да продава билети, да купува нови играчи. Тимот нема веќе буџет да патува, па Тухел ќе мора да ги вози играчите во својот автомобил. Еј, ќе уништат тим постар од семејното стебло на Борис Џонсон.
  • Западните мејнстрим-медиуми и клон-политичари одлепија по руската новинарка што упадна среде емисија протестирајќи против војната. Лигавење се растече низ ТВ-екрани, портали и гримаси на политичари. Западот западна во транс. Прекуноќ таа стана хероина, нова руска царица, жртва и маченичка. Новинарката е осудена на 300 долари парична казна. А Џулијан Асанж? А лицемери?
извор

Кина се позиционира како глобален застапник на слободната трговија

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Говорејќи на самитот на АПЕК, Си Џинпинг повика на поотворена трговија и соработка и го критикува Западот за протекционизам, токму пред американскиот претседател Трамп да пристигне во Шенжен.
  • „Треба активно да градиме партнерства за научни и технолошки иновации, да ја продлабочуваме соработката во дигиталната економија и вештачката интелигенција, како и да ја промовираме зелената транзиција со ниска емисија на јаглерод“, изјави кинескиот лидер.
  • Си додаде дека Кина се стреми да обезбеди „постабилна, попредвидлива и покорисна средина за глобалните претпријатија“ и дека ќе продолжи да го проширува пристапот до своите сектори за производство и услуги.
  • „Почнувајќи со намалување на царините, проширување на пристапот и разгледување на регулативите и стандардите за управување, Кина ќе спроведе длабоки реформи“, рече Си.
  • Пред 25 години Америка ѝ помогна на Кина да се приклучи кон Светската трговска организација, со надеж дека тоа ќе ја промени Кина. Улогите се сменија: Вашингтон ги заострува трговските ограничувања, а Пекинг зборува за отворање.
извор

Вести од 21 век: На УКИМ дојде струја

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени.
  • Било договорено УКИМ да ги плати заостанатите сметки најдоцна до петок. Доколку рокот не биде испочитуван, повторно се отвора можноста за исклучување на објектите.
  • Утринава без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Причината биле неподмирени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите на „Плусинфо“, достигнале околу половина милион евра.
  • Дополнителен показател за обемот на проблемот се обврските на јавните и државните институции кон ЕСМ, кои, според податоците на компанијата, надминуваат 24 милиони евра.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Балканштина
2

Како се победува „Безбеден град“

Македонштина
3

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
4

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

5

Да му се оди на Васко

Инфо
6

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Балканштина
7

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
8

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

1

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

2

Каја Калас и седумте џуџиња

Мислења
3

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
4

Падна и системот на НСА

5

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

6

Ботови самостојно хакираат 24/7

Технологија
7

Waymo ги повлече сите роботаксија од автопати низ САД

8

Германија нема поим како ќе депортира мигранти во Руанда

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Оскаровскиот потег на Марлон Брандо

Познат бенд од Босна

Фотка со предупредувачки тајминг

Против уроци од муштерии

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy