- Во учебниците ќе се брише „бугарски“ пред фашистички окупатор.
- Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, вели Заев.
- Кај голем дел од спомениците кај нас тоа е направено, каде што има бугарски фашистички окупатор тоа ‘бугарски‘ е избришано, стои само фашистички окупатор, вели истиот.
- Ќе сме требале на Бугарите во дипломатска нота да им опишеме дека краткото име е исто што и долгото име.
- Најмалку 21 студент си го одзел животот во Индија, откако државниот приемен испит за медицина бил презакажан поради протекување на испитните прашања.
- Заради тој пропуст, речиси два милиона кандидати морале повторно да го полагаат испитот.
- Ваквиот трагичен епилог предизвика масовни протести поради кои оставка си поднесе министерот за образование Дармендра Прадан.
- „Да ги слушнеме младите пред да си го одземат животот,“ порачаа демонстрантите.
- Полскиот маратонски пливач Бартломеј Кубковски стана првиот човек во историјата што го препливал Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска.
- Во неделата навечер, исцрпениот Кубковски исправен излегол на плажата во градот Ѓивнув, на полскиот северен брег, откако во петокот влегол во морето од Касеберга во Шведска.
- Растојанието од над 160 километри го пливал 56 часа. Не спиел и не го допрел чамецот од кој добивал храна и течности.
- Ова бил петтиот обид на Кубковски да го преплива Балтикот. За потфатот собра донации од над 715.000 злоти (166.000 евра) за лекување деца болни од рак.
- Во исто време, но по друга делница од 172 километри, од Шведска до Полска пливаше и Каролина Шчепањак, но мораше да се откаже по 58 часа во студеното море. Во својата кампања таа собра донации од 470.000 злоти за лекување на 14-годишно момче.