Еден од најдобрите инструменталисти од Македонија на сите времиња, Ферус Мустафов, почина ма 73 години, по краткото хоспитализирање откако претрпе мозочен удар на крајот на април.
Роден е во 1950-та година во Штип, студирал кларинет и виолина но ја напушта локалната академија и започнува богата музичка кариера.
Саксофонот во овдешната музика го воведува неговиот татко Илми Јашари а Ферус станува неприкосновен крал на тој инструмент.
Речиси една третина од луѓето во Европската Унија плаќаат редовен месечен надомест за да гледаат филмови, серии, музика или спортски преноси преку интернет. Нови податоци од Евростат покажуваат дека 32,7% од корисниците на интернет во ЕУ имале платена претплата за стриминг во 2025 година.
На листата убедливо водат Ирска со 63,9% редовни претплатници и Данска со 61,1%, а веднаш зад нив е Холандија со 59,2%.
На другиот крај се Бугарија, со 9,3% претплатници на стриминг услуги, Словенија со 13,7%, Летонија со 16,7% и Литванија 17,4%.
На аудио-платформите за стриминг на музика и подкасти, како YouTube Premium и Spotify, се претплатени 23% од граѓаните во ЕУ.
Традиционалните содржини за читање, како што се веб-страниците со вести, дигиталните весници и списанијата, значително заостануваат со 7,2% претплатници, а уште послаб е интересот (6,1%) за интерактивните претплати за „клауд“ гејминг.
Претседателот на Украина им порача на авиокомпаниите да го избегнуваат рускиот воздушен простор бидејќи поради украинските напади со дронови, тоа станува опасно.
„Сакаме да ги предупредиме сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, клучните руски аеродроми и осигурителните компании дека руското небо станува целосно опасно“, рече Зеленски.
Рускиот претседател, Владимир Путин, коментираше дека ваквите пораки се „декларација на државен тероризам“.