- Полицијата приведе двајца Пензионирани полициски инспектори кои со години работеле како полициски кртови за криминалната група од скопски Грчец.
- Пензионираните инспектори преку третото лице ја информирале криминалната група за активностите на полицијата во повеќе случаи на убиства, киднапирања и планови на полицијата. Во 2019та полицајците во име на криминалната група дури и му се заканувале на едно лице да го смени исказот а неполна година подоцна ги известиле криминалците дека полицијата ќе прави рација поради што и пропадна големата полициска акција против оваа група во јавноста позната под кодното име Планина.
- Не запреле тука. Наредната година ги информирале криминалците и за двојното убиство во скопски Чаир. Им кажале кој се е приведен, што зборувал во полициска станица и кои инспектори го работат случајот. За сите информации биле дебело платени.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.