Оставки во М-НАВ заради манипулации со новите контролори на летање
10 ноември 2022
- Заменици на директорите, началници, инструктори, експерти, раководители на сектори..., 12 на број, вчера поднеле оставки на своите позиции во М-НАВ незадоволни од одлуките на тројцата директори за одолговлекување на испраќањето на школување во Данска на нови контролори на летање кои веќе ги поминале сите тестирања.
- Велат дека ќе ги повлечат оставките само во случај ако директорите веднаш не ја променат одлуката и не ги испратат осумтемина избрани на неопходната обука.
- Има многу сомневања за однесувањето на тројцата директори на државната компанија за следење на цивилниот авиосообраќај во Македонија М-НАВ, Фахрудин Хамиди, Миѓен Селмани и Влатко Крстевски, кои во неколку наврати се обидоа да ги дополнат селектираните листи, веројатно со нивни деца и препорачани лица од партиските штабови.