Основното јавно обвинителство ја товари поранешната директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, и уште две лица за злоупотреба на европски пари.
Според проценките на обвинителството штетата се проценува на околу 320.000 евра.
Димова се товари за две кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластувања и измама на штета на средствата на Европската заедница. Надворешниот соработник, како второобвинет се гони за измама, а благајничката за несовесно работење во служба.
„Би сакал нашето искуство некому да му помогне да најдат пократок и подобар пат“, им порачува Никола Димитров на надлежните во Загреб и Подгорица кои се најдоа во клинч околу пристапувањето на Црна Гора во ЕУ.
„Знам колку е тешко да се постигне компромис што задира во најчувствителните прашања, а потоа и тој да се брани пред сопствените граѓани. Во истиот град – понекогаш дури и во истиот ден – за едни сте човекот што направил чудо (еве уште не можеме да се изначудиме -н.з.) зачувувајќи го она што е најважно – македонскиот идентитет – додека за други сте некој што отишол предалеку“.
Потписникот на Преспански успева да забележи дека откако ветувањата за во ЕУ се изјаловија, „луѓето почнуваат да се прашуваат дали направиле грешка што верувале во договорот“.
Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
„Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.