Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

НовАСНОМ до Фон Дер Лејен: Ние да продолжиме со интеграција а вие со дискриминација?

24 октомври 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Како да се интегрираме во ЕУ кога во Бугарија и Грција постои дискриминација врз Македонците која е подржана од самата ЕК на чие чело сте вие?, ја прашаа Нов АСНОМ претседателката на Европската комисија која се наѓа во посета на Македонија.
  • Потсетуваат дека заедно со македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград, поднеле претставка до Европската Комисија против забраната за регистрација на пиринскиот клуб од страна на Бугарија во која се наведува дека Бугарија ја крши темелната вредност на ЕУ содржана во членот 12 од Повелбата за фундаменталните права во кое се гарантира дека секој граѓанин на ЕУ има право да формира свои здруженија. 
  • „Европската Комисија се прогласи за ненадлежна со што зазеде дискриминаторски став кон Македонците во Бугарија. Со ваквиот став, ЕК ги крши основните човекови права на Македонците во Бугарија“, соопшти НовАСНОМ.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто нејќеме Македонија да биде Швајцарија на Балканите

Писма на читатели кои пробале да издржат...

Финално родителско CV

Охрид ваква јагма нема видено!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy