Нигерија им се закани со смртни казни на 29 малолетници
3 ноември 2024
- Вкупно 76 учесници во демонстрациите во Нигерија поттикнати од високите трошоци за живот се обвинети за 10 кривични дела, вклучително велепредавство, уништување имот, бунт и нарушување на јавниот ред и мир.
- Меѓу нив се и 29 малолетници на возраст од 14 до 17 години кои се соочуват со обвиненија кои носат и смртна казна.
- Четворица од нив се онесвестиле во судница поради изнемоштеност бидејќи три месеци минале во притвор без доволно храна.
- Нивните адвокати потсетуваат дека е забрането малолетници да бидат осудени на смртна казна, „освен доколку државата не планира да докаже дека сите тие се постари од 19 години“.