- Месецов, по почетокот на учебната година, Министерството за образование склучи договори за изработка, печатење и дистрибуција на учебници. Договорите се вредни 6,5 милиони евра.
- Од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на учебната 2023/2024 година Министерството за образование и наука не обезбедило 43, односно недостигаат 34% учебници.
- По сите наставни предмети и на сите наставни јазици учебници ќе имаат само учениците во прво и второ одделение, соопшти Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) која ова го смета за продолжена дискриминација на голем дел од популацијата.
- Опозицијата потсетува дека ова е трета година по ред како оваа власт не успева да обезбеди учебници за децата.
- Руската делегација на преговорите во Абу Даби побарала НАТО да ги повлече своите воени сили подалеку од границата со Русија, а Финска да замине од Алијансата и да го обнови својот статус на неутрална земја, пишува германскиот весник „Билд“.
- Ова се само дел од предлозите на Москва за воспоставување нови безбедносни аранжмани во Европа, кои им биле пренесени на претставниците на САД и Украина. „Билд“ нагласува дека овој документ е само еден од неколку неофицијални нацрти и дека не може да се потврди дали е одобрен од Путин.
- Молдавија би се трансформирала во федерација на централната територија, Придњестровје и Гагаузија. Ако Молдавија се приклучи кон ЕУ, на двата проруски региони би им било овозможено да одржат референдуми за независност.
- За возврат, Русија би ги повлекла нуклеарното оружје и ракетите со среден дострел распоредени во Белорусија. Исто така би ги повлекла и своите војници од Придњестровје.
- Ставот за Украина е непроменет. Русите побарале Киев да ги отстапи целите територии на Доњецк и Луханск, вклучувајќи ги и оние што сега ги контролираат украинските сили.
- Пристаништата Одеса и Николаев би биле демилитаризирани. Посебни аранжмани би ја гарантирале слободата на пловидба во Црното и Балтичкото Море.
- Киев би морал трајно се откаже од намерата за пристапување кон НАТО, но би можел да го продолжи процесот за членство во Европската Унија.
- Сите полициски службеници кои работат на терен ќе носат телесни камери по примерот на американската полиција, откако Министерството за внатрешни работи склучило петгодишен договор со американската компанија „Аксон“.
- Телесните камери според информациите на „Слободен печат“ ќе бидат доставувани сукцесивно, во наредните пет години, а првите се очекува да станат дел од полициската униформа на средината на 2027 година. Договорот не може да се пронајде на страницата на Бирото за јавни набавки, бидејќи е склучен во четири очи за оваа софистицирана опрема.
- Телесните камери ќе работат со бројни функционалности како вештачка интелигенција, и превод на говорот во реално време од над 40 јазици, а снимките ќе пристигнуваат во команден центар (сличен на оној од „Сејф Сити“, но посебен) каде софтверски ќе се прави анализа на податоците.