Како дел од елаборатот за добивање дозвола за градење за инвеститорот Маркеза на плацот на улицата Питу Гули на Водно, фирмата „Геотехника-Нова“ прави „геомеханички теренски истраги и лабораториски испитувања“ на улица Петар Драпшин 19... во Кисела Вода.
„Геотехника-Нова“ во документацијата наведува дека како дел од елаборатот на плацот на Маркеза на Питу Гули имаат ископано и три бунари со длабочина од 12 метри и пречник од еден метар.
Такви дупки ниту постојат на плацот, ниту се почнати да се копаат, ниту некој се појавил да ги копа (машински, а уште помалку рачно), а инсистирањето на истото имплицира дека вработените на „Геотехника-Нова“ веројатно никогаш не ја посетиле локацијата, ниту го имаат погледнато теренот на кој таа се наоѓа.
Овие и други пропусти во документацијата кои успева да ги открие адвокатката на жителите на улицата Питу Гули, Сузана Јошевска Анастасовска, без проблем ги минале сите механизми за давање дозвола од страна на службите на општина Центар.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.