Македонска винарија би да го купи „Цантали“?
29 јули 2024
- Тоа што ние го знаеме како производител на узо, всушност е винарија со обемно портфолио на производи. Тсантали веќе поднела барање за банкрот до Основниот суд во Солун, а се очекува дека на 11 октомври ќе се прогласи и стечај на компанијата.
- Наводно меѓу заинтересираните за купување била и македонска винарија. Од Тиквеш изјавиле дека немаат такви планови. Од Еземит ниту демантираат, ниту потврдуваат.
- „Цантали“ има обврски во износ над 65 милиони евра, кои се долг кон пет банки, буџетот на Грција, осигурителни фондови и кон вработените.