Ова го потврди и Министерот Бујар Османи, кој јавно изјави дека има изготвено документ кој Македонија е спремна да го прифати, но дека се чека одговор од бугарската страна.
Ако се земе во предвид и за тоа дека веќе неколку членови од Историската комисија поднесоа оставки, веројатно Владата го спрема последниот чин од нејзиниот процес на демакедонизација.
Патем, уште позагрижувачки е фактот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави спремност да разговараат во насока на нова промена на македонскиот Устав.
Левица речиси цела година повикува на прекин на преговорите под покровителство на Вашингтон и Брисел кои ги води нелегитимната Влада.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.