- Првата функција на Хил на Балканот е во 1995 кога како помошник на Ричард Холбрук работи на Дејтонските мировни преговори меѓу Босна и Србија. Потоа е амбасадор на САД во Македонија, а последна функција му е специјален пратеник за Косово.
- За време на ангажманот околу Косово, Хил ќе каже „бидејќи Србите не беа подготвени да го прекинат своето задушување на Косово, ние на крај ги бомбардиравме со НАТО“.
- Најновиот ангажман на Хил ќе биде амбасадор на САД во Србија. Минатата недела американскиот Сенат го потврди неговиот избор на оваа позиција.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.