- Процесот на ремоделирање на Македонија полека влегува во своето финале, а исклучително силните притисоци за внесување на Бугарите во македонскиот устав се заокружување на целата операција и конечно затворање на македонското прашање на Балканот.
- Рамковниот договор беше само вовед за редефинирањето на државата, со единствена цел таа да не биде матична држава на македонскиот народ, туку држава на граѓани од разни етнички групи, означени со кованицата „делови од народи“, кои секаде се нарекуваат „малцинства“.
- Дека работите се движат во таа насока неодамна оцени и Илир Кула, експерт за безбедност и геополитички аналитичар, кој своевремено беше и државен политички советник на двајцата поранешни претседатели на Албанија, Илир Мета и Реџеп Мејдани, кој беше многу јасен и дециден во констатацијата дека Македонците всушност остануваат без своја држава.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.