Клацкање на релација Скопје- Велес
22 март 2023
- Македонски железници ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје-Велес и обратно.
- „Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување“, соопштија од Македонски железници Инфраструктура.
- Искуството на патниците вели дека во летниот период возовите знаат да возат со намалена брзина на одредени делници поради високите температури и можноста од ширење на шините, но не помнат толку рано, уште во март, да се започне со ограничувања.