- Ќерката на поранешниот претседател на Иран, Акбар Хашеми Рафсанџани, е осудена на пет години затвор.
- Адвокатот не откри детали од постапката против Фаизе Хашеми, но државните медиуми ја обвинуваа за долевање оган во неодамнешните протести, јавува Ројтерс.
- Демонстрациите во септември, по повод убиството на жена во притвор, беа најголемите немири во Иран уште од револуцијата во 1979-та.
- Во 2012, Фаизе исто беше осудена а ѝ беше забранет политички ангажман заради ширење против-државна пропаганда на претседателските избори во 2009-та.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.