- Договорот е потпишан меѓу КатарЕнерџи и кинески Синопек, и e најдолгорочниот договор за испорака на течен гас до сега.
- Сериозна помош во потпишувањето на договорот имаше глобалната енергетска криза и ангажираноста на ЕУ по секоја цена да го надомести изгубениот руски гас, на кој отпаѓаше 40% од увозот.
- Гасот доаѓа од Северните полиња, најголемите гасни полиња на светот, кои Катар ги дели со Иран.
- Објаснувајќи дека гасот мора да биде клучен дел од која било енергетска транзиција, катарскиот министер за енергетика, Саад ал-Кааби ќе порача „ветрот не дува цело време, ниту сонцето сјае цело време.“
- Реагирајќи на жалба на Првите народи, суд во Едмонтон ја блокира иницијативата за организирање референдум за независност на канадската провинција Алберта.
- Движењето Stay Free Alberta достави барање со потписи од 300.000 потписи, што ја обврзува покраинската влада да распише референдум за прашањето за независност.
- Судијката Шаина Леонард ја запре процедурата, пресудувајќи дека за иницијативата не биле консултирани домородните племиња Атабаска Чипјујан, Блад, Пиикани и Сиксика, поради што биле загрозени договорите што тие во 19 век ги постигнале со тогашните британски власти.
- „Меѓународната граница би го уништила нивниот начин на живот. Нема шанси тие да продолжат да живеат како што живееле во изминатите 7.000 години“, изјави адвокат на племето Чипјујан.
- Американскиот претседател се решил да оди со ласкање иако домаќинот јасно предупредил да внимава да не дојде до големо недоразбирање меѓу двете земји.
- Претседателот Си нагласил дека прашањето за Тајван е најважното прашање во односите меѓу Кина и САД. Доколку се реши правилно, билатералните односи ќе уживаат целокупна стабилност. Во спротивно, двете земји ќе имаат судири, па дури и конфликти, ставајќи ги комплетните односи во голема опасност.
- „Независноста на Тајван“ и мирот преку теснецот се непомирливи како оган и вода, смета кинескиот претседател. Зачувувањето на мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец е најголемиот заеднички именител меѓу Кина и САД поради што американската страна мора да покаже дополнителна претпазливост во решавањето на прашањето на Тајван, му биле порачано на гостинот.