- На границата меѓу Чешка и Полска, во барокниот замок Линхартови и градот Крнов е поставена изложба од Георги Дуртаноски која вклучува уметничка инсталација на отворено со 20.000 црвени стапалки кои ги симболизираат крвавите стапалки на децата прогонети од своите домови во Егејска Македонија со испишано име и презиме на секое протерано дете заедно со името на неговото родно место со македонски топоним.
- Замокот Линхартови е избран да биде домаќин на овој настан бидејќи неговата судбина е како нашата поделена Македонија: објектот (замокот) се наоѓа на чешка територија, а имотот/дворот се наоѓа на полска територија. Неколку пати е разурнуван и опожаруван и секогаш повторно се отвора со својата убавина и декор. Овојпат замокот е украсен со македонското сонце.
- Во изложбените витрини се сместени лични предмети на македонските бегалци како клучеви од нивните домови во кои никогаш не се вратија, торби за леб, ѓумчиња за вода, камчиња од нивните куќи/цркви во кои биле родени или биле крстен, капсули со вода од македонските реки во Егејска Македонија и многу други предмети кои автентично го отсликуваат нивниот живот од тој период.
- Руската делегација на преговорите во Абу Даби побарала НАТО да ги повлече своите воени сили подалеку од границата со Русија, а Финска да замине од Алијансата и да го обнови својот статус на неутрална земја, пишува германскиот весник „Билд“.
- Ова се само дел од предлозите на Москва за воспоставување нови безбедносни аранжмани во Европа, кои им биле пренесени на претставниците на САД и Украина. „Билд“ нагласува дека овој документ е само еден од неколку неофицијални нацрти и дека не може да се потврди дали е одобрен од Путин.
- Молдавија би се трансформирала во федерација на централната територија, Придњестровје и Гагаузија. Ако Молдавија се приклучи кон ЕУ, на двата проруски региони би им било овозможено да одржат референдуми за независност.
- За возврат, Русија би ги повлекла нуклеарното оружје и ракетите со среден дострел распоредени во Белорусија. Исто така би ги повлекла и своите војници од Придњестровје.
- Ставот за Украина е непроменет. Русите побарале Киев да ги отстапи целите територии на Доњецк и Луханск, вклучувајќи ги и оние што сега ги контролираат украинските сили.
- Пристаништата Одеса и Николаев би биле демилитаризирани. Посебни аранжмани би ја гарантирале слободата на пловидба во Црното и Балтичкото Море.
- Киев би морал трајно се откаже од намерата за пристапување кон НАТО, но би можел да го продолжи процесот за членство во Европската Унија.
- Сите полициски службеници кои работат на терен ќе носат телесни камери по примерот на американската полиција, откако Министерството за внатрешни работи склучило петгодишен договор со американската компанија „Аксон“.
- Телесните камери според информациите на „Слободен печат“ ќе бидат доставувани сукцесивно, во наредните пет години, а првите се очекува да станат дел од полициската униформа на средината на 2027 година. Договорот не може да се пронајде на страницата на Бирото за јавни набавки, бидејќи е склучен во четири очи за оваа софистицирана опрема.
- Телесните камери ќе работат со бројни функционалности како вештачка интелигенција, и превод на говорот во реално време од над 40 јазици, а снимките ќе пристигнуваат во команден центар (сличен на оној од „Сејф Сити“, но посебен) каде софтверски ќе се прави анализа на податоците.