Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

И ние Калигула за давање ордени имаме

24 септември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Македонија.
  • Пендаровски се сретнал со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш при што разговарале и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните предизвици.
  • "Каков дебакл. Џабе потрошени толку пари во Њујорк, а да не си ја одбраниш земјата пред цел свет и да повикаш на почитување на меѓународниот суд за човекови права и почитување на основните човекови права пред сите лидери", прокоментира Тино Николоски.
  • Пендаровски со орден го одликувал и директорот на Боинг.

  • Комплетно детачиран од реалноста, римскиот император Калигула своевремено му објави војна на морето и потоа прогласи победа над богот Нептун, по што ги славеше плодовите од победата (ковчези безвредни школки и морски ѕвезди) и ги одликуваше воините заслужни за победата. 

  • Кога сме кај кловнови, на стотици илјади загинати Украинци, Зеленски во ОН виде шанса да проговори за големата опасност од климатските промени.

извор

Половина скопски објекти не се оданочени

24 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Двојно помалку објекти во Скопје се оданочени од она што е запишано во Катастарот на недвижности, покажа репроценката на недвижности што ја прави Град Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации.
  • Според податоците во даночната евиденција, на подрачјето на Град Скопје се опфатени околу 17 милиони квадратни метри на недвижности (објекти), додека во евиденцијата на Катастарот се запишани околу 39 милиони квадратни метри објекти.
  • Приходите се делат 50% за Град Скопје и 50% за општината во градот Скопје каде што се наоѓа имотот.
  • Стапката на данок на имот во Градот Скопје изнесува 0.10 % од вредноста на имотот, со дополнително намалување од 50% за објект во кој даночниот обврзник живее, што ја прави најниска во Европа.
извор

Европска бирократија од 47.600 страници

24 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Иако вети дека ќе ги олесни бирократските пречки, законодавството на Европската Унија на крајот од минатата година достигнало нов рекорд од 47.600 страници со регулативи и директиви.
  • Тоа е зголемување од 118% во споредба со 2010 година, според „индексот на бирократија“, изработен од професорот Штефан Вагнер од Универзитетот на Виена.
  • Индексот ги опфаќа сите уредби и директиви што се во сила на 31 декември од дадена година, а кои се донесени самостојно од Европскиот совет или заеднички со Европскиот парламент. Правните акти на Европската комисија не се вклучени. Обемот се мери во стандардни страници од по 1.500 карактери.
  • Ако на основните членови се додадат прилозите со списоци, гранични вредности и технички спецификации, регулативите на ЕУ опфаќаат околу 90.800 стандардни страници.
  • По 2010 година има уште 12.900 страници со нови регулативи за надворешна политика и безбедност – главно списоци со санкции и имиња на лица, компании и стоки. Обемот на регулативи за заштита на природата, на потрошувачите и на здравјето се дуплирал од 4.300 на 9.800 страници.
  • Само Директивата за бучава во животната средина се зголемила за околу 700 страници.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

2

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина
3

Правда за Ружа!

Балканштина
4

Патријархатот прво ги осакатува машките

Разно
5

Уште не почнато, гол падна

Фудбал
6

Филип и Јулија, братче и сестриче

Балканштина
7

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

8

Европска бирократија од 47.600 страници

1

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

2

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

3

Европска бирократија од 47.600 страници

4

Половина скопски објекти не се оданочени

5

Европа чека на инцидент што би оправдал војна против Русија

Свет
6

Зашто Трамп го врати Хуанг во Nvidia

Свет
7

Како ЦИА ја искористи Украина за тајна војна против Русија

Свет
8

Nvidia го врати Хуанг за директор

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Македонштина

Во знак на лајк, дигаме прс

Балканштина

Распеани коментари за сармата

Балканштина

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина

Правда за Ружа!

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

ОК, значи имам проблем со пиењето

Апсолутно рапсодично

Од Македонија за Пол Вокер

Енглези се прават Македонци

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy